«

Џ

џ

Личи на

  • Поклопка од тенџере, наопаку.
  • Чаша без подношка.
  • Буквата Ц, ама прцлето ѝ се мрднало насреде.
  • Капак за оџак.
  • Мравка носи камен.
  • Малата буква и со мустаќ.

Занимања

  • Џезист

    Свирам диво,
    локам пиво.

  • Џокеј

    Терам коњи,
    како авиони.

Имиња

  • Од каде да ви најдеме име што почнува на Џ? Има едно, Џони, ама не е од нашиве краишта.

Растенија

Извици

  • Џудо!
  • Џиу-џицу!
  • Џиновско џилитење!
  • Џагара-магара!

Слики

Џокеј – буква Џ — Бушава азбука