Н
н
Личи на
- Рампа за скок од височина.
- Х латиница.
- Пречка за коњски трки.
- Текче за развивање мускули.
- Едни федери за фискултура, не знам како се викаат.
- Волан од вселенски брод.
- Две маси кренати в кафеана после фајрон.
Занимања
-
Новинар
Нови вести бркам,
со време се тркам. -
Научник
Знаењето е како пустинска оаза,
поставете сѐ на научна база. -
Навигатор
Дали на север, дали на југ
јас се слушам и никој друг.
Имиња
- Николина
- Неделка
- Нада
- Неда
- Новка
- Никодија
- Најденка
- Најден
- Наум
- Никола
- Неделко
- Невен
- Новак
- Никодиум
- Најдо
Животни
Јадења
Извици
- Неверојатно надарено!
- Накитено, наконтено!
- Нешто нај, нај!
- Нула!