«

Л

л

Личи на

  • Шатор за кампирање.
  • Колиба.
  • Чадор без рачка.
  • Скршено стапче.
  • Подотворено ноже.
  • Спортист на стартна линија. Ќе летне штом ќе го чуе знакот.

Занимања

  • Лекар

    Здравјето ваше
    е подрачје наше.

  • Лимонатџија

    Лимон, малина со сода,
    напијте се место вода.

  • Ловец

    Еден зајак ловам
    десет зајци бројам.

Извици

  • Луксузно!
  • Лудо!
  • Лом!
  • Лигавење!

Слики

Левучар – буква Л — Бушава азбука