Библиотека „РОСИЦА“
НИПРО „Нова Македонија“
Изданиево е заеднички производ на ООЗТ Редакција „Детска Радост“, ИРО „Мисла“, ИРО „Наша книга“, Книгоиздателство „Македонска книга“ и ООЗТ Печатница при НИПРО „Нова Македонија“
CIP– Каталогизација во публикација
Народна и универзитетска Библиотека „Климент Охридски“, Скопје
372.416.2-866(02.025.2)
СТЕФАНОВСКИ, Горан
Бушава азбука / Горан Стефановски ; [илустрирал] Душан Петричиќ. – Скопје : Детска Радост, 1986. – 64 стр. : илустр. (делумно во бои) ; 23 x 28 см. – (Библиотека Росица)
Бескрајна благодарност до сите што биле, на било каков начин, вклучени во изработката на изданието, а особено до Горан Стефановски и Душан Петричиќ. Никако не смее да се заборави на севкупниот придонес на екипата што ја екранизираше Бушава азбука во телевизиска серија, на чело со режисерот Слободан Унковски. Екранизацијата на книгата Бушава азбука донесе сосема нова вредност и ги направи содржините значително подостапни преку телевизискиот медиум и поинтересни за гледачи од речиси сите генерации.
Задолжително прочитајте ги сите детали за печатеното издание.
Видеата од телевизиските епизоди на „Бушава азбука“ ги има поставено Јове Капса на YouTube.
Благодарност до Free Software Foundation, односно Free UCS Outline Fonts за одличниот GNU FreeFont што располага со сите специјални знаци на македонската кирилица.
Симболите за вклучување и исклучување на звук се на Cole Bemis, а ги преземав од Iconfinder.
Симболите за споделување на страницата се на Cole Bemis и Bogdan Rosu Creative, а ги преземав од Iconfinder.
Повеќе технички детали можете да најдете во делот За изработката.
Оваа компјутерска презентација е изработена од страна на Гоце Митевски во чест на Горан Стефановски и Душан Петричиќ и нивниот огромен придонес за македонскиот јазик, како и во чест на целокупната екипа што ја изработила телевизиската серија „Бушава азбука“, особено на режисерот Слободан Унковски.
Изработката не е финансирана од никого и не е поврзана со авторите на печатеното издание или телевизиската серија „Бушава азбука“. Ова е самостоен труд на Гоце Митевски од образовен карактер, исклучиво наменет за лично користење, а со единствена цел — трајно зачувување на дел од македонското културно наследство. Авторските права за реобјавената содржина остануваат на нејзините автори и се регулирани со Закон за авторското право и сродните права.
Изворниот код е достапен на GitHub, од каде што и се сервира самата презентација со помош на Jekyll. Доколку забележите некаков проблем слободно пријавете грешка.
Дигитализацијата е направена рачно, со внимателен препис на содржината од второто печатено издание на книгата „Бушава азбука“. Сликите се пренесени во компјутерски формат со помош на скенер, исто така рачно, а нивниот квалитет е толку добар колку што и беше зачувано изданието што го поседувам.
— Гоце Митевски ... за Марко и Коста