С
с
Личи на
- Скршен прстен.
- Половина ѓеврек изеден, а половината оставена за подоцна.
- Буквата О загубила еден дел, па сега е тажна.
- Банана.
- Полумесечина или млада месечина.
- Кифла.
- Лак за стрела, ама без тетива.
Занимања
-
Спортист
Трчам, скокам и шутирам
шампион сум, гарантирам! -
Слаткар
Правам торти
од сите сорти.
Имиња
- Стеванка
- Сребра
- Славка
- Славица
- Смилка
- Спасена
- Санда
- Седефка
- Софија
- Споменка
- Станка
- Славјанка
- Севдалина
- Стефан
- Самуил
- Саво
- Сокол
- Соломон
- Светислав
- Светомир
- Славко
- Слободан
- Спасе
- Санде
- Стамен
- Станко
- Стојадин
Извици
- Силно, свежо, спонтано, слатко и сеопфатно!
- Сензационално!
- Супер!
- Суво!