Оваа компјутерска презентација е изработена од страна на Гоце Митевски во чест на Горан Стефановски и Душан Петричиќ и нивниот огромен придонес за македонскиот јазик, како и во чест на целокупната екипа што ја изработила телевизиската серија „Бушава азбука“, особено на режисерот Слободан Унковски.
Изработката не е финансирана од никого и не е поврзана со авторите на печатеното издание или телевизиската серија „Бушава азбука“. Ова е самостоен труд на Гоце Митевски од образовен карактер, исклучиво наменет за лично користење, а со единствена цел — трајно зачувување на дел од македонското културно наследство. Авторските права за реобјавената содржина остануваат на нејзините автори и се регулирани со Закон за авторското право и сродните права.
Изворниот код е достапен на GitHub, од каде што и се сервира самата презентација со помош на Jekyll. Доколку забележите некаков проблем слободно пријавете грешка.
Дигитализацијата е направена рачно, со внимателен препис на содржината од второто печатено издание на книгата „Бушава азбука“. Сликите се пренесени во компјутерски формат со помош на скенер, исто така рачно, а нивниот квалитет е толку добар колку што и беше зачувано изданието што го поседувам.
— Гоце Митевски ... за Марко и Коста