«

К

к

Личи на

  • Идеална половина од буквата Ж.
  • Две букви Л нацуцулени една врз друга.
  • Она место во кино-салата од каде што се прожектира филмот.
  • К е лак за стрела, ама тетивата е на погрешната страна.
  • Птица насликана озгора, со црв во клунот.
  • Малото к е исто како големото К, само што е помало.

Занимања

  • Композитор

    Ноти фини избирам
    хитови креирам.

  • Книжевник

    Пишувам драми, романи и песни
    на теми разни, незгодни и лесни.

Имиња

  • Клементина
  • Катица
  • Ката
  • Камка
  • Костадинка
  • Купена
  • Круна
  • Ковилка
  • Калина
  • Катерина
  • Кумрија
  • Кадифка
  • Климент
  • Костадин
  • Коста
  • Круме
  • Китан
  • Крсте
  • Кузман
  • Кирил

Извици

  • Каламбур!
  • Класа квалитет!
  • Катастрофа!

Слики

Кавга – буква К — Бушава азбука