«

Ѕ

ѕ

Личи на

  • Змија, отровна, опасна.
  • Буквата С, латиница.
  • Кобра што игра кога ѝ се свири на зурла.
  • Јадица што игра чочек.
  • Половина осумка.
  • Нешто опасно извртено.
  • Костур од змеј.

Занимања

  • Ѕидар

    Ѕидам ѕидови
    од сите видови.

  • Ѕвезда

    Главен сум на ТВ и радио програми
    раката ми капна од автограми.

Имиња

  • Ѕака
  • Ѕвезда
  • Ѕвонко
  • Ѕвездан
  • Ѕвезданка
  • Ѕвезданчо
  • Ѕвезданче
  • Ѕвезданченце
  • Ѕвезданченцуле
  • Ѕвезданченцуленце
  • Ѕвезданченцуленцуле

Извици

  • Ѕвездено, ѕвездено!
  • Ѕе!
  • Ѕенѕање!

Слики

Ѕид – буква Ѕ — Бушава азбука