«

З

з

Личи на

  • Тројка. Не е одлична, но е добра.
  • Како обетка, отворена. Ама обратно од Е.
  • Змиулче, бодно, безопасно.
  • Два круга се обидуваат да се спојат во еден, ама нешто не им успева.
  • Јадица, искривена и неупотреблива.
  • Осумка која едната страна си ја дала на хемиско чистење.

Занимања

  • Земјоделец

    Земја орам, жито жнеам,
    прво се потам, потоа пеам.

  • Занаетчија

    Занаетот пари вреди
    ако данокот се среди.

  • Забар

    Отвори, стрпливо,
    затвори, готово!

Имиња

  • Злата
  • Загорка
  • Здравка
  • Зора
  • Зорка
  • Зорица
  • Златан
  • Златко
  • Здравко
  • Зоран
  • Зоја

Извици

  • Златно задоволство!
  • Занесно!
  • Збунето!

Слики

Забуна – буква З — Бушава азбука